X
 26.04.2020 Образование

Студент пишувал есеи со помош на вештачка интелигенција

Тјаго е на магистерски студии по бизнис и го користел алгоритамот на компанијата „Опен АИ“ за да пишува есеи. Алгоритамот ГПТ-2 користи вештачка интелигенција за да пишува реченици. Тјаго се согласил да направи интервју за „Футуризам“ под услов да не бидат откриени информации за него.

Тој имал задача да направи презентација на одреден бизнис, а потоа да напише есеј за бизнисот. Требало да се напишат три до пет страници. Според Тјаго, проблемот со ваквите задачи е во тоа што студентот може да донесе каков било заклучок и ќе добие позитивна оценка доколку заклучокот одговара на генералните теории.


Фото: Pixabay

Инспириран од приказна за новинар кој го користел алгоритамот ГПТ-2 за да напише есеј, Тјаго почнал да размислува како да го користи алгоритамот за некои од предметите. Со помош на алатката talktotransformer.com добил пристап до алгоритамот преку пребарувач.

Тој направил скица од есејот, пишувајќи неколку реченици или параграф во секој дел од есејот, а потоа со алгоритамот го пополнил есејот. За една реченица напишана од Тјаго, алгоритамот пишувал цел параграф. Потоа малку ги поправал речениците напишани од компјутерот онаму каде што имало потреба.

Тјаго го направил истото додека пишувал два есеи по два различни предмети и добил позитивни оценки. Сепак, тој смета дека не бил еден од најдобрите студенти, туку еден од најлошите што добиле позитивни оценки.


Фото: Pixabay

Тјаго предупредува дека е лесно да се открие дали одреден есеј бил напишан со помош на алгоритам, така што се ставаат речениците во алатката што ја користел. Доколку програмата ги предвиди следните зборови, тогаш реченицата била напишана од компјутер.

На прашањето дали ова би го направил повторно, Тјаго одговара позитивно.

- Но не може да очекувате добра оценка. Последната верзија од есејот не е добра, но е доволно добра за професорот да ви даде позитивна оценка - вели Тјаго.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование