X
 26.05.2018 Живот

ЕУ воведува данок за секој километар автопат

Превозниците и другите чести патници на европските патишта може да се соочат со дополнителни трошоци. Комитетот за транспорт при Европскиот парламент состави предлог според кој по 2025 година корисниците на автопатиштата ќе мора да плаќаат данок за секој километар.

На овој начин таканаречената патна цена би ја заменила вињетата. Сепак, постојат големи сомневања дека проектот ќе биде имплементиран. Неколку земји од ЕУ, вклучително и Австрија и Холандија, се противат на плановите. Тие, како и автоклубовите, се плашат од на голем дополнителен товар.

-Од истражувањата знаеме дека цената во Австрија се очекува да биде најмалку пет центи за километар. Значи патник од Куфштајн до Инсбрук ќе плаќа околу 1.700 евра годишно. Цената за патот од Гмунден до Линц е 1.400 евра - објаснува Бернхард Визингер од австрискиот мото-клуб ÖAMTC.

За споредба, оваа година вињетата за автомобили чини 87,30 евра.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот