X
 26.05.2019 Образование

Денови на дизајн и технологии- Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Во понеделник 27 Мај 2019 година, во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн- современи движења и Резбарство.
Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност, младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер да и се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите кои ги изработиле во текот на студирањето.
На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.

Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 28 Мај со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат Деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Проф. Д-р Зоран Трпоски, и Градоначалникот на Општина Гази Баба- Борис Георгиевски.
Изложбата ќе трае до 2 јуни 2019 година.

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е основан во 2010 година како следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање на мебел и ентериер, што до учебната 2009/10 година се организираа во рамките на студиските програми на Шумарскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование