X
 26.05.2020 Технологија

Вештачка интелигенција може да процени карактер само на основа на селфиња?

Тим истражувачи од Високoшколската установа за економија и Московскиот универзитет во Русија, тврдат дека покажале оти вештачка интелигенција (АИ) може да донесе точни пресуди за личност само на основа на селфиња - поточно и од некои луѓе.

Истражувачите сугерираат дека технологијата може да се користи како помош при спојување на луѓе во службите за онлајн-состаноци или да им помогне на компаниите да продаваат производи кои се создадени за одредени карактери.

Но, двајца коавтори на трудот за истражувањето објавено во „Сајентифик Рипортс“ се поврзани со руска АИ компанија наречена „Бест Фит Ми“, која им помага на компаниите да ги најдат вистинските работници.

Како што е наведено во трудот, тимот побарал од 12.000 волонтери да потполнат прашалник кој го искористиле да направат база со податоци за карактерни особини на лицата. Волонтерите прикачиле и вкупно 31.000 селфиња.

Прашалникот се засновал на „големата петорка“ карактерни особини - пет основни особини кои психолошките истражувачи често ги користат за да ги опишат карактерите на објектите, вклучувајќи ги тука отвореноста кон искуства, совесноста, екстровертноста, прифаќањето и невратенијата.

По тренирањето на невронска мрежа на сетот од податоци, истражувачите утврдиле дека може точно да ги предвиди карактерните особини на основа на фотографии од реалниот живот направени во неконтролирани услови, се наведува во трудот.

Иако е точна, прецизноста на нивната АИ може да биде желба. Тие утврдиле дека нивната вештачка интелигенција може да направи правилна претпоставка за релативната состојба на две случајно избрани лица во однос на некоја особина во 58 отсто од случаите.

Тој резултат не е баш пионерски, но е подобар само од нагаѓање.

Истражувачите тврдат дека нивната АИ е подобра во предвидување на особини од луѓето. Иако оценнувањето на карактерни особини од луѓе кои се блиски роднини или колеги било многу поточно отколку кога биле оценувани од странци, тие утврдиле дека АИ е подобра од просечен човек кој ја запознал таргетираната личност за првпат.

Со оглед на лошата точност и фактот дека некои од авторите наведени на студијата работат на комерцијализација на слична технологија, овие резултати треба да се земат со скептицизам.

Извор и насловна фотографија: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија