X
 26.05.2022 Здравје

Дали е оправдан стравот од мајмунските сипаници? Светски експерти ја решаваат дилемата

Вирусот, кој резултира со гнојни плускавци, е откриен во неколку земји, а новите случаи ги збунуваат експертите. Многу луѓе ја изразија својата загриженост поради ширењето на мајмунските сипаници, а Обри Гордон, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Мичиген, даде неколку свои заклучоци.

Таа посочи дека е загрижувачки големиот број на случаи на мајмунски сипаници во неколку земји, но дека не постои можност болеста да се претвори во пандемија како ковид-19.

- Дефинитивно е нешто кое во моментов треба да се следи. Добрата вест за мајмунските сипаници е што не може да се пренесат како САРС-КоВ-2. Затоа, би требало да може да се контролираат. Имаме вакцини кои дејствуваат против мајмунски сипаници, но само една е лиценцирана за таа намена во САД - вели таа.

Професорката додава дека во иднина ќе биде почеста појавата на нешто како мајмунските сипаници, но истакнува дека такви случаи имало и порано.

- Една од причините е тоа што мајмунските сипаници се поврзуваат со морбили. Ако сте постари, веројатно имате лузна од вакцинацијата против сипаници, која спречила сипаници и била одговорна за искоренување на сипаниците, но исто така спречила и случаи на мајмунски сипаници - вели професорката.

Сепак, таа наведува дека голем дел од населението не ја примило вакцината против морбили, а до тоа дошло затоа што се верувало дека вирусот е искоренет. Според неа, таквата состојба носи ризици бидејќи невакцинираните луѓе стануваат подложни на овие или на други вируси на сипаници, вклучувајќи ги и мајмунските.

majmun
Фото: Freepik

Како се пренесуваат?

Досега пренесувањето на мајмунските сипаници од човек на човек беше многу ретко, но се случува при близок контакт, преку големи капки или преку директен контакт со друго лице.

- Во суштина мора да имате контакт со плунка на заразен или со гнојот од лезиите - објаснува професорката.

Во моментов се работи на тоа да се открие како се пренесуваат овие сипаници кои се опасни за специфични групи луѓе, но една од карактеристиките на оваа епидемија е тоа што се пренесуваат по сексуален пат, барем во некои новооткриени случаи.

- Бидејќи не се пренесуваат така лесно, бидејќи имаме вакцина и е релативно лесно да се препознаат случаите поради карактеристичните кожни лезии, би требало полесно да се контролираат - објаснува таа.

Наведува дека големите сипаници се успешно искоренети, но дека малите сипаници се неверојатно преносливи, но луѓето не се заразни додека немаат никакви симптоми, па затоа ги спореди со ковид-19 и заклучи.

- Не се како САРС-КоВ-2 кога сте многу заразни пред да добиете симптоми или ако воопшто не развиете симптоми. Лесно е да се идентификуваат сипаниците за разлика од респираторните болести. Овие работи заедно овозможија контрола на малите сипаници - вели професорката.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје