X
 26.05.2022 Живот

Може да добиете 50.000 фунти ако се преселите на шкотски остров

Шкотската Влада нуди 50.000 фунти за семејствата што ќе се преселат на некој од островите во земјата за да поттикнат пораст на населението.

Владата изјавила дека планира да ги додели средствата во форма на обврзница. Првите обврзници ќе бидат доделени летово, а според планот, ќе бидат доделени вкупно 100 обврзници во вредност од 5 милиони фунти.

Намалувањето на населението е една од најголемите закани за островските заедници во државата, па затоа се охрабруваат иницијативи за решавање на овој проблем.

Државните обврзници имаат цел да им помогнат на новите жители да купат куќа, да основаат бизнис и да започнат живот на некој шкотски остров.

Властите откриваат дека новиот план им го привлекол вниманието на луѓе од разни делови од светот, дури и од Јужна Америка.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот