X
 26.05.2023 Здравје

Докажана е врска помеѓу здравјето и животот покрај море

Сите што биле на море знаат дека животот покрај вода е подобар за целокупното здравје, а ново истражување го докажува тоа.

Истражување водено од Сандра Гејгер од Универзитетот во Виена користело податоци од 15 држави за да го анализира влијанието на морето врз здравјето. Било потврдено дека животот или привремениот престој покрај море е добар за здравјето без разлика на државата и личните примања.

Во истражувањето учествувале над 15.000 учесници од 14 европски земји (Белгија, Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија и Обединетото Кралство) и Австралија.

- Неверојатно е да се видат толку постојани и јасни обрасци во сите 15 земји. Секој има придобивки од близината на морето, а не само богатите - изјавила Гејгер.

Идејата дека близината до водата е добра за здравјето не е нова. Престојот на море го препорачувале докторите уште во 17 век.

Извор: Medicalxpress
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје