X
 26.05.2023 Здравје

Дури и слабата сообраќајна врева е лоша за работата на мозокот

Веќе е познато дека вревата може негативно да влијае врз здравјето на луѓето, а ново истражување од технолошкиот универзитет „Чарлмерс“ во Шведска покажува дека тоа е точно дури и за најмалата врева. Според истражувањето, дури и 40 децибели сообраќајна врева може да има лошо влијание врз работата на мозокот.

Истражувачите ги донеле заклучоците врз основа на експерименти во лабораторија во кои испитаниците правеле тестови за концентрација додека се изложени на улична врева. Било покажано дека испитаниците имале послаби резултати на тестовите кога слушале врева и признале дека им било потешко да ги решат тестовите со улична врева во заднина.

- Она што е уникатно во нашето истражување е дека успеавме да покажеме намалување на когнитивната работа на нивоа на врева од само 40 децибели, што е еднакво на вообичаената врева во канцелариите или дом - изјавил Леон Милер, докторанд на универзитетот.

Во последните години новите згради сè почесто се градат блиску до патиштата, а овој тренд се забележува и на други места во светот.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје