X
 26.06.2019 Образование

Рекорден грант за студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа за програмата за размена на студенти Еразмус +

Околу 270.000 евра европски фондови се на располагање за студентите и за членовите на академскиот и административниот кадар на УЈИЕ, кои можат да ги користат за да реализираат студиски престој или практична работа на партнерските универзитети во различни европски земји.

Програмата Еразмус + успешно се спроведува на УЈИЕ, а според добиениот грант УЈИЕ е рангиран на второ место во Македонија во однос на нивото на износот и на остварените размени.

„За следната академска година се очекува овие средства целосно да бидат искористени, при што повеќето од нив се доделени на студенти, а дел за академскиот и административниот кадар“, вели Бујар Синани, раководител на Канцеларијата за меѓународни односи.

Освен академскиот аспект, студентите имаат право да работат до 15 часа неделно за време на престојот во земјите на ЕУ. Ова им го олеснува нивниот престој од финансиски аспект.

fakultet

„Доделените грантови за реализација на практичната работа се повисоки и им овозможуваат на студентите, покрај практичната работа и ангажирање на партнерските универзитети, да бидат ангажираат во компании, институции, невладини организации, училишта во времетраење од 2 до 12 месеци. Оваа можност е отворена и за оние нови дипломирани студенти кои сакаат да се вклучат во професионалниот свет и да започнат кариера во европските земји.“ вели Синани.

Универзитетот на Југоисточна Европа паралелно со зголемувањето на студентската и академската размена го прошири списокот на европски универзитети, со кои потпиша нови договори Еразмус +, нудејќи им на студентите нови дестинации за оваа, но и за следните години.

Размената на студенти и академски кадар се зголеми во однос на визитинг-професори од меѓународни универзитети. Само во академската 2018/2019 година на Универзитетот на Југоисточна Европа присуствуваа 10 меѓународни професори кои предава на различни факултетите и студиски циклуси.

Професорите на ЈИЕУ го прошируваат и своето меѓународно портфолио, со ангажирањето како предавачи на познати меѓународни универзитети и се дел од престижни меѓународни конференции.

Универзитетот силно ја охрабрува размена на искуства и ресурси преку размена на научници и професионалци за поголемо влијание врз квалитетот на образованието и истражувањето.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование