X
 26.06.2020 Живот

Листа со најдобрите земји за живот за жените, на кое место е Македонија

Шведска е рангирана како најдобра земја во светот за жени, според новиот извештај што неодамна го објави списанието CEOWORLD. Данска и Холандија се на 2. и 3. место, Норвешка е на 4. место.

Осум од првите десет земји најдобри за жените се во Европа, вклучувајќи ги Финска (6. место), Швајцарија (7. место), Франција (9. место) и Германија (10. место).

Меѓу првите десет се најдоа и Канада (5. место) и Нов Зеланд (8. место). Рангирањето во 2020 година го смести Луксембург на 11. место пред Австрија на 12. место, додека Италија се најде на 13. место. Севкупно, меѓу најдобрите 20 најдобри земји во светот за жените се и Јапонија, Австралија и Велика Британија.

Кога станува збор за Балканот, Србија е прва од сите земји во регионот, на 36. место. На 40. место се наоѓа Хрватска, на 46. место Црна Гора, а Босна и Херцеговина се наоѓа на 70. место. Македонија се најде на 47. место, а зад нас единствена земја од Балканот е Словенија, која се наоѓа на 48. место.

На последното место се наоѓаат африканските држави, како Централноафриканската Република, Сомалија, Чад и Сирија.

Постои универзален модел на дискриминација и криминал врз жените, но обемот и интензитетот се разликуваат од земја до земја. Регионалните, расните и социо-економските фактори играат клучна улога во утврдувањето на објективизацијата на женското тело и родовата еднаквост. Искрено, не постои земја во светот што е 100 отсто безбедна за жените со слобода да живеат еднакво. Но, некои земји се подобри од другите кога станува збор за еднакви права, социјално вклучување и чувство на сигурност.

svedska
Фото: Pixabay

Врз основа на истражувањето на речиси 256.700 жени во светот, магазинот CEOWORLD го објави своето годишно рангирање на најдобрите држави за жени. За создавање на листата „Најдобрите земји за жени“, 156. земји добија оцени според 9 атрибути: родова еднаквост, процент на законодавни места што ги имаат жените, чувство на безбедност (жени од 15 години и постари кои пријавуваат чувство на сигурност додека одат сами навечер), еднаквост во приходите, грижа за човековите права, зајакнување на жените, просечно годишно образование кај жените, жени на возраст од 25 години и постари што се занимаваат со платена работа и вклученост на жените во општеството.

На секоја земја ѝ беа дадени поени за сите 9 атрибути со цел да се добие рангирање. Изненадувачки, скандинавските земји доминираа на списокот. Најновите податоци покажуваат дека некои од најлошите земји за жени имаат подобрување, а некои пак заостануваат во клучни области.

Нема сомнение дека денес жените имаат поголемо учество и релативно поголема слобода да се издигнат и да заблескаат во модерната ера, но стапката на напредок е многу бавна, особено во земјите од третиот свет. Едноставно кажано, половина од светското население живее со чувство на несигурност и не можеме да го направиме овој свет подобро место ако половина луѓе живеат во страв. Ако го споредите нивото на јакнење на жените низ целиот свет, измерено во однос на безбедноста, правдата и вклученоста, тогаш ќе најдете дека европски држави, особено скандинавските земји, одлично напредуваат. Наспроти тоа, некои развиени земји сè уште се далеку во трката да создадат холистички екосистем за жените да цветаат со слобода.

Ова се првите 10:

1. Шведска
2. Данска
3. Холандија
4. Норвешка
5. Канада
6. Финска
7. Швајцарија
8. Нов Зеланд
9. Франција
10. Германија

Извор: Ceoworld.biz
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот