X
 26.06.2022 Здравје

Чаша студена вода во лето носи повеќе штета отколку добро, велат експертите

Кога ќе почне летото во нашите фрижидери секогаш чуваме студена вода или барем коцки мраз во замрзнувачот. Иако мислиме дека нѐ разладува, ефектот на чаша студена вода не е баш добар и веќе некое време ги загрижува експертите.

Некои студии покажаа дека студената вода дополнително го ослабува веќе ослабениот имунитет. Покрај тоа, ги стеснува крвните садови, што дополнително може да доведе до некои посериозни здравствени проблеми.

Дури и ако самата вода на собна температура е со послаб квалитет или вкус, ако се олади може многу лесно да се „маскира“. Негативните ефекти на студената вода не завршуваат тука: може да предизвика и респираторни проблеми, згрутчување и отежнато исфрлање на слуз, главоболки, настинки, проблеми со голтањето и варењето.

Студијата од 2001 година на Одделот за невронаука на Универзитетската болница во Упсала во Шведска, заклучи дека 7,6 отсто од жените почувствувале симптоми на главоболка откако испиле 150 мл студена вода.

вода
Фото: Freepik

Доколку имунитетот ви е слаб, а консумирате студена вода, треба да знаете дека таа ја намалува способноста на организмот да се бори против бактериите и вирусите. Тоа влијае и врз нашиот крвен притисок, грлото, респираторниот систем, нервите, но и врз дигестивниот тракт и имунолошкиот систем.

Студената вода може многу да го отежне варењето и голтањето храна. Посебно е неопходно да се избегнува за лица со стомачни проблеми или проблеми со голтањето. Затоа, не се препорачува за постари лица и бебиња.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје