X
 26.06.2022 Живот

Истражување за долговечноста: Овие три особини се поврзуваат со луѓето кои живеат над 100 години

Чаша ракија наутро, домашна храна, многу прошетки, секој ден по малку чоколадо. Ова се само дел од одговорите што ги дадоа луѓето кои наполниле сто години кога ги прашале за тајната на нивната долговечност. Сите имале свој посебен „трик“. Се разбира, важен фактор се социо-економско-еколошките услови во нивната средина.

Но, дали нашата личност влијае на нашата долговечност? Секако. Постојат некои особини поврзани со долговечноста.

Јапонските научници спровеле големо истражување во кое учествувале 70 луѓе на возраст над 100 години чии когнитивни способности не се нарушени, како и 1.800 луѓе на возраст од 60 до 84 години за да откријат кои особини ги имаат луѓето кои доживуваат старост. Во тестот, тие ги барале карактеристиките на „големите пет фактори на личноста“ (особини на личноста): совесност, екстравертност, невротичност, удобност и отвореност за искуства.

И резултатите ги потврдиле нивните претпоставки. Личноста влијае врз долговечноста.

- Совесноста, екстравертноста и отвореноста за нови искуства се атрибути кои почесто се појавуваат кај 100+ годишници. Нашата претпоставка по истражувањето е дека комбинацијата на овие особини им помага на луѓето подобро да се справат со стресот, полесно да се прилагодат на новите ситуации, што резултира со подобро здравје – изјавија научници од Јапонија.

Слично истражување било спроведено од друг тим на јапонски научници. Тие се фокусирале на особини што го скратувале животниот век и откриле дека луѓето со изразен невротизам имаат многу помала веројатност да ја доживеат стотата година.

Инаку, Јапонија е дом на многу 100-годишници. Во моментов, таму живеат околу 87.000 луѓе кои ја поминале 100-та година.

Извор: Express.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот