X
 26.07.2017 Живот

Некогаш одамна ни беше важно образованието, а денес... Што вас ве прави среќни?

Психолозите од британскиот Универзитет на Болтон го повториле социјалниот експеримент спроведен пред речиси осумдесет години во истиот град за да проверат дали и денес луѓето ги усреќуваат исти вредности.

И денес, како и пред 80 години, сигурноста им е еднакво важна на луѓето, но доброто расположение и слободното време им станале поважни од образованието и верата, потврдиле британските психолози.

Пред 80 години, 226 анкетирани жители на Болтон на прашањето „Што ве прави посреќни?“ поставено во локалните весници, во одговорите навеле десет фактори. Првите три места ги зазеле сигурноста, знаењето и верата.

Верата, која пред осум децении била на третото место според важноста, паднала на последното место на пописот на нашите современици.

Во 1938 година мнозинството испитаници одговориле дека најдобро се чувствуваат во сопствениот град, додека дури 63 отсто од денешните учесници во анкетата посреќно се чувствуваат надвор од својот град.

И денес, како некогаш, среќата е меѓу поважните животни вредности. Четириесет отсто верувале во неа и пред 80 години, а истиот процент мисли така и денес. Во ниеден период мнозинството испитаници не ја поврзувале среќата со материјалните добра и со богатството.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот