X
 26.07.2021 Живот

Нов тренд во светот што носи голем профит - изнајмување кози

Од пред неколку дена во паркот Риверсајд во Њујорк 24 кози интензивно работат на контрола на плевелот.

Овие четириножни убијци на плевелот се веќе традиционални посетители на овој парк во Њујорк, како дел од настанот наречен „Трчање на козите“, кој минатата година не се одржа поради пандемијата.

- Имајќи предвид дека козите се најефикасни во уништувањето на плевелот, за нив доаѓањето во паркот е празник затоа што можат да јадат колку што сакаат. Овој плевел е здрав за козите, а овој метод на уништување на плевелот е најдобар за животната средина - вели Дан Городник, управител на компанијата што се грижи за одржување на паркот.

Сопственикот на фармата од која биле донесени козите вели дека козите го уништуваат самото семе, па затоа плевелот повеќе нема да се шири. Придобивките се големи затоа што не се користат косилки што согоруваат фосилни горива. Покрај тоа, не се потребни пестициди за уништување на плевелот, кои ја уништуваат и почвата.

Затоа, изнајмувањето кози за „уредување“ на дворот станува сè попопуларна услуга и засега неколку компании нудат „кози-косилки“.

1
Фото: Pixabay

Како функционира?

Купувачите доаѓаат со опис на своето земјиште - големината и сите други релевантни спецификации. Тогаш изнајмувачот на козите дава процена и цена. Потоа двете страни се согласуваат за датумот на услугата. На договорениот ден, козите пристигнуваат и пасат до вечерта, а ако не ја завршат својата работа, повторно се враќаат наредниот ден. Потоа сопствениците имаат совршен тревник.

кози
Фото: Pixabay

Покрај сопствениците на дворови, оваа услуга ја користат и земјоделците, управителите на јавни површини, управителите на клубови за голф и локални општински власти.

Груби процени се дека 38 кози можат да испасат 50.000 квадратни метри трева за еден ден, додека повеќе научни истражувања укажуваат на нивната уникатна можност за искоренување на плевелот, особено амброзијата.

Извор: Forbesadvocate.com.au
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот