X
 26.08.2017 Наука

Што е потребно за човек да го задржи здивот под вода 24 минути?

Кога Алеикс Сегура го држи здивот, тој мисли на неговото срце. На копно, фокусот предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето - но под вода, ефектот е спротивен. „Откако мускулите ќе се релаксираат, и моето срце забавува и јас се исклучувам“, вели светскиот шампион во задржување на здивот. Понекогаш тој толку многу се опушта, што заспива.

Тоа се случува до моментот кога ќе почнат контракциите. Кога го задржувате здивот, инстинктот за вдишување не е предизвикан од недостиг на кислород, туку од акумулација на јаглерод диоксид. Ако некогаш сте го држеле здивот до точка на непријатност, тогаш го знаете чувството: вашите бели дробови треперат, а вашата дијафрагма се грчи, принудувајќи ве да се борите за здив. Повеќето од нас се препуштаат на нагонот за брзо време. Но Сегура може да трпи неколку минути.

Сегура е познат практикант на слободното нуркање, спорт во кој атлетичарите извршуваат разновидни подводни подвизи во еден здив - и тука не е дозволена опрема за нуркање. Некои натпреварувачи нуркаат за длабочина. Други за далечина. Но специјалитетот на Сегура е статична апнеја: пловејќи надолу во базенот, држејќи го здивот колку што е можно подолго.

А во случајот на Сегура, тоа е многу, многу долго време.

Во 2016 година тој го поставил Гинисовиот светски рекорд во задржување на здивот - 24 минути и 3 секунди, што е 54 секунди подолго од претходниот рекорд и две минути подолго од времетраењето на повеќето ситком епизоди.

Слободните нуркачи, и самиот Сегура го сметаат задржувањето на кислород како еден вид трик. „Тоа е како допинг и им овозможува на нуркачите да го зголемат обемот на кислород што го чуваат во нивните бели дробови“, вели Сегура. Дали тоа го уништува духот на спортот? Да. „Но 24 минутно задржување на здивот е интересно достигнување, од физиолошка перспектива“, додава тој.

24 минутно задржување на здивот е проклето импресивно. И не само од физиолошки аспект, туку и статистички. Всушност, предизвикува интересни прашања во врска со физиолошките ограничувања на дисциплината.

Границите на задржувањето на кислород се помалку јасни - но нешто интересно се случува кога се моделира рекордната прогресија на дисциплината кога се користи крива со форма на Ѕ. Неговиот статистички модел многу внимателно одговара на прогресијата на вистинските светски рекорди. Или поточно, сите записи освен еден.



24 минутното задржување на здивот на Сегура е значително подолго од предвидениот лимит на моделот од 23 минути и 44 секунди. Погледнете ја последната точка над црвената крива. Не е неразумно да се очекува дека евиденцијата драматично ќе се подобри во средината на кривата. Но зголемувањата на десната страна на кривата каде што почнува да се израмнува, треба да доаѓаат постепено и не многу често.

А сепак, во февруари минатата година, Сегура го сруши својот претходен рекорд, за речиси една минута. „Не знам што и како прави, но сето тоа доведе до необичен перформанс. Немам што повеќе да кажам како статистичар, бидејќи она што го направи е повеќе од исклучително“, вели Невил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука