X
 26.08.2018 Технологија

„Фејсбук“ со нова алатка - Ќе пронаоѓа што имате заедничко со другите луѓе

Социјалната мрежа „Фејсбук“ планира да ја нагласи сличноста што корисниците ја делат со другите луѓе и поради тоа ќе ја тестира новата алатка наречена „заеднички работи“ (things in common).

Станува збор за нова опција што на корисниците ќе им овозможи да видат што ќе имаат заедничко со другите луѓе, односно со непознатите луѓе што ги „среќаваат“ на оваа популарна платформа.

Корисниците ќе можат да ја видат алатката над нечие име кога ќе ги прегледуваат коментарите, ткаа што ќе им бидат прикажани информации доколку учеле во исто училиште или живеат во ист град. Од „Фејсбук“ е нагласено дека ќе бидат прикажани само јавно достапни информации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија