X
 26.08.2021 Живот

Во случај на општествен колапс, оваа земја има најдобри шанси за опстанок

Кога во 1972 година бил објавен трудот „Ограничувања на растот“, научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс ја разбудија јавноста. Тие рекоа дека забрзаниот индустриски развој ќе доведе до општествен колапс во 21 век.

Нивните резултати неодамна ги провери холандската научничка Гаја Херингтон и се покажа дека биле во право.

Херингтон посочува дека старото истражување се поклопува со новите податоци, според кои, економскиот раст ќе престане на крајот од оваа деценија ако продолжиме да се однесуваме како порано. Потоа ќе следува деценија на опаѓање, а можеме да очекуваме општествен колапс околу 2040 година.

- Не е можно постигнување на континуиран раст - вели Херингтон, потсетувајќи дека постојат одржливи начини за создавање просперитет на кои сѐ уште не посветуваме доволно внимание.

Лошата економија е само една од причините да се доведе во прашање општеството. Климатските промени, губењето на биодиверзитетот и епидемиите се исто толку добри причини за колапс како и нивните комбинации.

Ако еден ден навистина дојде до општествен колапс, истражувањето спроведено во Светскиот институт за одржливост покажа дека Нов Зеланд, Исланд, Обединетото Кралство, Тасманија и Ирска ќе имаат најголеми шанси да преживеат.

При составувањето на оваа листа, истражувачите ги зеле предвид умерените климатски карактеристики на земјите, способноста да одгледуваат храна за сопствената популација, да ги заштитат границите од масовна имиграција, да ја одржуваат електричната мрежа и одредено ниво на производство.

Помалку населените острови обично стојат добро во сите горенаведени категории, поради што и дошле до израз.

Нов Зеланд, кој според истражувањето е на врвот на листата, има голема територија, но има само околу пет милиони жители. Од Австралија, најблиското копно, е оддалечен повеќе од 1.600 километри.

Безбедноста на оваа земја е на високо ниво, како и можностите за сточарство, а бројот на реки е сосема доволен за производство на енергија. Дека сето ова навистина може да се претвори во предност, покажаа Новозеланѓаните со една од најуспешните борби против пандемијата на коронавирусот во светот.

Меѓутоа, никому не му е во интерес да пропадне. Научниците не објавуваат тмурни предвидувања за економијата и листи со места што ќе преживеат за да шират паника, туку со цел да ги откријат проблемите.

Земјите сега знаат на што треба да работат ако сакаат да развијат отпорност на колапс на системот.

Кога Гаја Херингтон проверила дали научниците од 70-тите години биле во право, таа користела три сценарија. Две довеле до запирање на економскиот раст, но третото, кое таа го нарече „стабилизиран свет“, укажа на друга можност.

Според овој модел, цивилизација може да претрпи мали економски неуспеси, да избегне колапс и да остане на одржлив пат ако се потпира на комбинација од технолошки иновации и обемни инвестиции во јавното здравство и образование.

Немаме многу време за вакви големи промени.

- Ограничувањата на растот посочуваат дека прозорецот за да се искористи таа можност брзо се затвора - предупредува Херингтон.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот