X
 26.09.2018 Живот

Премиерката на Нов Зеланд на самитот во ОН се појави со тримесечното бебе

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, дебитираше на говорницата на ОН - и не само тоа, туку таа стана првата личност која на ваков самит со себе го зела и тримесечното бебе.

Непосредно пред нејзиното обраќање кон Генералното собрание на ОН.

Нејзиниот партнер Клар Гејфорд го држеше бебето додека таа го држеше нејзиниот говор. Ардерн е втора светска премиерка која се породила додека ја извршувала својата должност. Претходно, во 1990 година пакистанската премиерка Беназир Буто се породила додека ја извршувала својата должност.

Ардерн ја дои тримесечната Неве, поради што и со себе ја поведе на шестдневното патување во странство. Сопругот на Ардерн на неговиот твитер-профил сподели фотографија на која се гледа дека и неговата ќерка добила ОН беџ.

-Посакувам да го фатев моментот кога јапонската делегација влезе во просторијата за состаноци на ОН, за време на преслекувањето на пелената на нашето бебе - напиша тој.

ОН го поддржуваат присуството на Неве.
-Премиерката Ардерн покажува дека никој не е поквалификуван да ја претстави нејзината земја колку што е една мајка која работи. Само 5 отсто од светските лидери се жени, така што мора да им посакаме топло добредојде - изјави портпаролката на Стефани Дујариќ.

Ардерн, која зела шест недели породилно после пораѓањето, изјави дека се надева дека еден ден ќе биде нормално жената да биде и светски лидери и нова мајка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот