X
 26.09.2020 Живот

Бесплатни патувања цела година за тој што ќе понуди најкреативно име за авиокомпанија

И покрај тоа што патувањата бележат голем пад во последните месеци поради пандемијата, Јужна Африка се подготвува за отворање нова авиокомпанија што ќе почне со домашни летови во декември 2020 година. И наместо да ангажира професионалци за нејзино именување, таа бара од јавноста да ѝ помогне. Ако биде избрана вашата идеја, можете да освоите бесплатни патувања во траење од една година.

Натпреварот ја замолува јавноста да помогне во наоѓањето име што ќе биде уникатно, аспиративно и кул. Доколку бидете избрани, ќе добиете бесплатни патувања во траење од една година вредни 28.200 долари.

Авиокомпанијата произлегува од партнерството меѓу основачот на „Кулула“, Гидон Новик, и „Глобал авиејшн“, и ја користи можноста да создаде поефикасна, поиновативна авиокомпанија дизајнирана од луѓето на кои ќе им служи.

- Пандемијата создаде уникатна можност за основање авиокомпанија која не само што ќе биде драматично поефикасна, туку и поинвентивна и покреативна, користејќи го уникатниот талент на луѓето - изјави Новик.

Повеќе детали за натпреварот може да се најдат на неговата официјална веб-страница. За да поднесете идеја, заедно со предлог за име, потребно е да го наведете вашето име, е-адреса и број на пасош.

Извор: Matadornetwork.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот