X
 26.09.2021 Живот

По скалилата на успехот со Пере од „Нокаут“, проф. Татјана Алексиќ за наставата... Што пишувавме неделава?


Проф. Татјана Алексиќ: Учениците седат еден до друг, „протоколот“ е во касметот да не се заразат: Учебната година започна во услови на пандемија, учениците се вратија во клупите, но не требаше да помине многу време за коронавирусот да почне да се шири и помеѓу најмладите. За тоа како се одвиваат првите училишни денови, ја прашавме професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ од гимназијата ,,Раде Јовковски-Корчагин“.

ПМФ воведе нова насока на студии - Физичка географија со геоекологија: Овие студии имаат цел да формираат кадри во сферата на физичката географија со геоекологија, каде што користејќи соодветна методологија, теренски активности и современа технологија, ќе добиваат знаења со голема практична и применлива вредност. Поконкретно, вака обучените кадри може успешно да работат во повеќе институции и министерства, Центар за управување со кризи, во локалната самоуправа, во разни проектантски организации, медиуми, агенциски институции и други разни информативни дејности, информира проф. Ивица Милевски од ПМФ.

„По скалилата на успехот“ со Никола Перевски-Пере од „Нокаут“: Всушност, жените отсекогаш ми биле посебна инспирација: Првиот контакт со музиката го имав на две години, кога татко ми дома донесе мини клавир, од тие со мали клавиши. И денес се сеќавам на тој прекрасен звук кој ми отвори еден нов свет, во кој ете сè уште живеам и го истражувам. Всушност, мојата прва голема страст беше спортот. Како дете бев опседнат со скијање, фудбал, атлетика, а особено со кошарката, на која ѝ бев посветен подолг период од моето детство. Но, поради сплет на околности, се случи музиката да победи.

Мариела Мицевска-Аџигогова: Островот на среќата го носиме во нас, треба да го препознаеме и да го негуваме: Во моите дела е опфатен целокупниот процес на живеењето, опстојувањето, приказна проткаена во самите дела, а тоа е уочливо и преку насловите. Поаѓајќи од „Создавањето“, „Раѓањето“, „Поврзувањето“, па и „Премостувањето“ на одредени животни препреки, „Островот на среќата“ го носиме секогаш во нас, само треба да го препознаеме, да го негуваме и да се трудиме да го сочуваме. Мојот остров на среќата е моето семејство, љубовта, пријателите, емоцијата, истрајноста и вербата, вели уметничката Мариела Мицевска-Аџигогова.

Мажите се посреќни од жените во Македонија - покажува првото истражување за среќа: Поголемата плата нема големо влијание врз целокупната среќа. Колку е понесреќна една личност, толку е потешко да разговара за своето ментално здравје. 30 отсто од луѓето што се опишаа како несреќни не разговараат со никој кога се чувствуваат лошо, покажало истражувањето на проф. д-р Софија Георгиевска и доц. д-р Фросина Денкова-Зафировска.

Каде ја гледаат перспективата најдобрите на државната матура: Според нивните резултати од средното училиште и на испитите од државната матура, нема сомнеж дека ќе бидат успешни студенти. Ги прашавме Анѓела, Андреј, Билјана и Симона каде решија да го продолжат своето образование, кои факултети се нивната определба, но и каде ја гледаат својата професионална перспектива?

Стефанија Гаштарска: Ќе застанам на сцена како Одета и Одилија во „Лебедово Езеро“ во Перм: Да се добие главна улога во некој балет, а особено во „Лебедово Езеро“ во Перм, како прв работен ангажман е просто неверојатно, а од друга страна, премногу тешко, одговорно и комплексно, но ова е шанса која не ја добива секој и секој ден максимално се трудам да ја оправдам довербата што ми е дадена и сум многу благодарна за тоа, истакнува Стефанија.

Издвојуваме

Живот