X
 26.09.2022 Живот

„Скопје сити мол“ слави 10 години - забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!

Со голема роденденска прослава и огромни попусти, како што му доликува на најомилениот трговски центар во главниот град, „Скопје сити мол“ го одбележува десетгодишниот јубилеј. Со концерти и забава приспособена на различни вкусови и возрасни групи, „Скопје сити мол“ ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење. Од огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за суперфотки, детска програма до големи концерти, овој викенд сите сме во „Скопје сити мол“.

Концертите се закажани за претстојниот викенд, а на нив ќе настапат познати домашни музички ѕвезди, групи, диџеи, уметници и таленти. Трите роденденски настани ќе се одржат на 30 септември, 1 и 2 октомври, на најгорното ниво од катната гаража во „Скопје сити мол“.

Тридневната роденденска забава започнува в петок (30 септември) со настапи на повеќе познати диџеи од домашната клупска и радиосцена, како и со спектакуларен концерт на диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро Симфонија.

Ѕвезда на втората роденденска вечер што ќе се одржи в сабота (1 октомври) ќе биде македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на одличната забава ќе се погрижат домашни бендови и диџеи.

Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (2 октомври) е приспособена првенствено за најмладите. Започнува со „Светот на Биби“, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот „Златно славејче“.

„Скопје сити мол“ е првиот современ трговски центар во државата кој воведе сосема нов концепт што ги обединува шопингот, забавата и дружењето, нудејќи им содржини на сите возрасни групи, со различни вкусови и интереси. Затоа и за нас беше сосема природно првите десет години на „Скопје сити мол“ да ги прославиме заедно со сите оние за кои постои овој трговски центар - објаснува маркетинг-менаџерот на „Скопје сити мол“, Дамјан Корубин.

Вратите за концертите за роденденската забава во првите два дена се отвораат во 20:00 часот, додека концертите започнуваат во 21 часот. На третиот ден вратите ќе се отвораат напладне, а програмата започнува во 12:30 минути и ќе трае до 16 часот.
Целосната програма ќе може да ја видите на страницата на „Скопје сити мол“.

Локацијата за одржување на сите концерти е покривот на „Скопје сити мол“, кој од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2.500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2.500 луѓе.

10 години - најдоброто урбано место за шопинг, забава и дружење,
70 милиони посети,
500 настани,
170 закупци,
Револуција во шопинг-искуството на домашниот пазар
1.500 вработени во трговскиот центар
36.700 м2 простор за купување, дружење, уживање,
Прва и единствена мобилна апликација за лојалност на молови MojCityMall
Безброј филмски премиери
Сѐ што сакам!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот