X
 26.10.2022 Живот

Дали британскиот премиер мора да му ја бакне раката на кралот?

Велика Британија има нов премиер. Риши Сунак е 57. британски премиер и третиот премиер што оваа година влезе во Даунинг стрит. Воедно, тој е и најмладиот премиер во последните два века. Официјално стана премиер откако кралот Чарлс го покани да формира влада во Бакингемската палата.

Кралот и новиот премиер веќе се сретнаа, а првата средба меѓу британскиот монарх и британскиот премиер традиционално се нарекува „бакнување раце“ (анг.kissing hands). Тешко е да се помисли дека во 2022 година премиерот ќе му ја бакне раката на кралот, но воопшто не е исклучено да се случи тоа. Секако, не пред фотоапаратите.

„Бакнување раце“ означува лојалност кон кралот и монархијата

„Бакнување раце“ ја означува лојалноста на премиерот кон британскиот монарх. Британскиот премиер формира влада во име на кралот и затоа нивната прва средба има силна симболика. Некои извори велат дека премиерот дефинитивно нема да му ја бакне раката на кралот и дека терминот „бакнување раце“ е само симболичен.

Сепак, постојат извори кои тврдат дека и во 2022 година британскиот премиер клечи пред кралот и му ги бакнува рацете. Некои извори велат дека ова се случува на Тајниот совет, состанок на блиски советници и министри на кралот во новата влада.

toni
Тони Блер и кралицата/Фото: Flickr

Според Кралската енциклопедија, во Тајниот совет, новиот премиер клекнува пред кралот, кој ја подава десната рака кон него со дланката свртена надолу и споени прсти. Понатаму, во енциклопедијата се наведува дека премиерот потоа ја подава десната рака, со дланката нагоре и лесно ја фаќа раката на кралот и ја бакнува.

Тони Блер ѝ ја бакнал раката на кралицата


Се чини дека некои премиери се одлучуваат за овој чин, додека други одбиваат да го направат тоа. Во својата автобиографија „Мојот живот, нашите времиња“, поранешниот лабуристички лидер Гордон Браун напишал дека немало бакнеж, само ракување со кралицата во 2007 година.

Но, неговиот претходник Тони Блер рекол дека ѝ ја бакнал раката на кралицата Елизабета и во тој момент се сопнал на тепихот пред неа.

Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот