X
 26.11.2018 Технологија

Дронови како мијачи на прозорци на високи објекти

Дроновите се поприсутни на работните места и го менуваат начинот на кој се извршуваат работите, а исто така им овозможуваат на компаниите да штедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е да ги заменат луѓето што мијат прозорци на високи објекти.

Компанијата „Аеронес“ од Летонија произведе огромен дрон за миење прозорци, а негова задача е да ги замени луѓето во чистењето прозорци на високи објекти.

Компанијата „Аеронес“ првпат стана позната во 2017 година кога го искористи своето летало за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за миење прозорци може да работи 20 пати побрзо во споредба со традиционалните методи, а притоа работата е многу побезбедна.

Леталото е широко три метри, има 12 пропелери и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на миење.

Дронот се напојува со помош на кабел, поврзан со батерија на земјата, а вода преку црева доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на земјата. Моменталниот дизајн му овозможува на дронот да достигне височина од 350 метри, но со натамошен развој таа височина може да се зголеми.

„Аеронес“ осмисли и сопствен стабилизациски систем за да може дронот да се носи со лошите временски услови.

Во случај дронот да доживее катастрофален дефект при летот, леталото кое е тешко 55 килограми нема да падне врз никого бидејќи со кабел е зацврстен за врвот на зградата.

Компанијата размислува и да им помогне на пожарникарите со поинаква верзија на дрон, а третата верзија, која е претставена претходно оваа година, може да се користи за проверка и чистење на големи ветерници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија