X
 26.11.2019 Технологија

Работи што мора да престанете да ги објавувате на „Фејсбук“

Нема сомнение дека „Фејсбук“ е одлична алатка која ни помага да се поврземе со пријателите, семејството, колегите и познајниците. Сепак, некои луѓе погрешно го интерпретираат значењето на споделувањето на социјалната мрежа. Навистина, престанете да ги објавувате следните работи. На сите ни пречат. 


Детали за бременост и пораѓање 

Верувале или не, постојат луѓе што ги известуваат своите пријатели на „Фејсбук“ за детали како недели од бременоста и слично. Вашето семејство можеби сака да знае, но останатите не се заинтересирани, па задржете ги овие информации за разговорите лице в лице со најблиските. 

Напредокот на бебето 

Знаеме дека сте возбудени за напредокот на вашето дете, но не мора да објавувате фотографии од секое негово движење на „Фејсбук“. Ова може да биде навистина здодевно. 

Здравствени проблеми

„Фејсбук“ не е амбуланта. Можеби сте слушнале дека некои луѓе бараат совети за здравјето на интернет, но тие сигурно мислеле на „Гугл“, не на социјалните мрежи. 

„Чек-ин“ на секои два часа 

Во ред е, не мора да пиете кафе со секој што го познавате само за да се „чекирате“. Нам ништо не ни менува, освен тоа што ни станувате здодевни. 

Љубовни пораки 

Гледаме дека се сакате и без овие пораки. Среќни сме за вас. Сепак, не мора постојано да објавувате статуси со вашиот нов партнер или фотографии од двајцата додека се бакнувате. 

Пасивно-агресивни коментари 

Овие се нашите омилени - луѓето што објавуваат коментар за некого или нешто, но не откриваат што или кој е тоа. Ова е детинесто однесување, ве молиме престанете. 

Колку ја мразите вашата работа 

Освен што е непрофесионално и детинесто, може да има и вистински последици. Дури и да не сте пријател со претпоставениот, тоа не значи дека тој не може да го види тоа што сте го напишале.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија