X
 26.12.2018 Образование

Боев: Во високото образование е потребен квалитет, а не квантитет

Во високото образование е потребен квалитет, а не квантитет, смета првиот човек на Универзитетот „Гоце Делчев“, Блажо Боев. Според него за да се дојде до оваа цел, потребна е целосна промена на образовната парадигма на однос на универзитетите кон студентите, посебно во делот на стипендирање.

– Прашањето на стипендирање на студентите, обезбедување на услови за нивно студирање и поддршка на најдобрите е прашање, кое нема алтернатива и ние ќе го поддржуваме како Универзитет и понатаму, бидејќи продукцијата на квалитени кадри е главниот момент зошто постојат универзитетите - вели Боев.

Тој забележува дека ова  е и еден од начините да се запре миграцискиот бран на младите талентирани ученици. Согласно новиот Закон за високо образование на почетокот на  следната година ќе се формираат две нови тела, одборите за акредитација и евалуација, коишто ќе имаат за задача да понудат адекватни образовни програми за студентите.

Блажо Боев, ректор на УГД
Фото: МИА

– Да немаме вишок на образовни програми, кои не можеме да ги покриеме и за кои немаме доволно ресурси, а сепак постојат. Мислам дека овие инструменти кои сега се воведуваат во системот на образование во Република Македонија ќе значат значаен позитивен исчекор - рече Боев.

Тој во интервјуто за Универзитетското радио и телевизија при УГД-Штип и за штипските регионални и локални медиуми истакна дека покрај на програмата, мора да се работи и на обезбедување млад стручен наставен кадар, затоа што факт е дека на универзитетите работат се повеќе професори, кои се пред пензионирање.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование