X
 26.12.2018 Технологија

Прецизна до последниот пиксел - најсовршената фотографија во светот

Големата кинеска компанија „Џинкун Тех, бигпиксел технолоџи корпорејшн“, која се занимава со развој и иновации на полето на креативната фотографија, ја претстави фотографијата што на социјалните мрежи беше претставена како производ на „лошите“ кинески сателитски технологии. Но, станува збор за трета најголема фотографија во светот, направена од врвот на кулата „Ориентален бисер“ во Шангај, со голема резолуција, која, како што велат од компанијата, била истражувана од осум милион луѓе, а има резолуција од 195 гигапиксели.

Колку за потсетување, камерата на телефоните има 12 мегапиксели и може да произведе фотографии со 12 милиони пиксели. Сега замислете за каква количина на пиксели станува збор ако еден гигапиксел има милијарда пиксели.

Оваа фотографија, како што велат од компанијата, е 2.000 пати попрецизна од фотографиите што се создаваат со просечна камера.

Фотографијата била направена во исклучително сончев ден, но всушност станува збор за колекција на снимки интегрирани во текот на неколку месеци. Во компанијата ова е прва панорамска снимка со илјада милијарди пиксели. Поради тоа, фотографијата изгледа како да не е од овој свет, а необичното зумирање може да ве одведе толку блиску до личноста на улица што буквално можете да ѝ го видите изразот на лицето.

1
Фото: Junkin Tech

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија