X
 26.12.2021 Живот

Кој е најмалку посакуван подарок за празниците?

Доколку сè уште не знаете што да им подарите на најблиските за празниците, погрижете се тоа да биде нешто што нема да заврши скриено во шкаф. Не постои совршен подарок кој би им се допаднал на сите, но очигледно има некои подароци кои повеќето не сакаат да ги добијат.

Според анкета спроведена во 2020 година од страна на компанијата „Вистапринт“, најмалку популарен подарок е рамка за слика. Во анкетата 34 отсто од испитаниците изјавиле дека веројатно не би ја користеле рамката доколку ја добијат како подарок, туку би му ја подариле некому подоцна.


Фото: Pixabay

Според анкетата, персонализираните подароци се популарни, но кутиите со производи за нега и убавина не се најсакани. Околу 33 отсто од испитаниците би ги подариле средствата за нега и убавина на некој друг доколку ги добијат како подарок.

Други вакви несакани подароци се мирисни свеќи, шминка и чоколадо.

Извор: Mental Floss
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот