X
 26.12.2022 Живот

Животната приказна на Масимо Савиќ: Копал дворови за да добие облека која ја преправал за настапите

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула. Средното образование го завршил во Загреб, каде што и ја почнал својата музичка кариера.

Тој го поминал своето детство на Истра. На 12 години отишол во Милано, а потоа со чамец од Џенова, мајката и синот тргнале на патување со брод до Австралија.

Во Сиднеј живеел две и пол години во богато семејство, каде што неговата мајка работела како слугинка за еврејското семејство Мос. Во Сиднеј Масимо го посетувал англиското училиште Белви Хил, каде што го завршил шестото одделение, а во седмо одделение се вратил на Истра. Но, во Австралија го заборавил хрватскиот јазик, па повторно почнал да го учи кога се вратил.

Брзо се приспособил на пријателите од Раша, со кои постојано се дружел.

На училиште бил одличен, потпевнувал и едвај чекал да дојде сабота за да танцува во дискотеката РКУД Руда Раша. Но, еден немил настан променил сè. Поради слабата контрола во воспитувањето и склоноста кон лошо друштво и деликвентно однесување, Масимо бил дел од релативно тежок криминал.

Тој чувал стража кога неговите другари краделе работи од супермаркетот. Поради ова, редовно одел кај социјалниот работник Бранимир, кој му помогнал да се стабилизира и да си го промени животот.

Купил електрична гитара откако со мајка му се договорил да подигне кредит, а ратите да ги плаќа работејќи преку студентски сервис. Веднаш почнал да свири од осум до десет часа на ден.

Во 1979 година Масимо отишол во Загреб.

Се запишал трета година во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ и набрзо ја основал групата „Доријан Греј“ со Бранко Терзиќ, Ведран Чупиќ и Емил Крњиќ.

- Во тоа време живеев тешко. Јас и мојот тапанар делевме соба, широка колку еден кревет. Спиевме заедно во тој кревет, а немавме доволно да платиме за собата, но сечевме дрва за старицата. Копав градини низ Загреб за да добијам облека од мртвите сопрузи на госпоѓите, која подоцна ја поправав за да изгледам елегантно на сцената - изјави во една пригода Масимо Савиќ.

Во 1983 година, како водач на легендарната група „Доријан Греј“, го издава својот прв албум „Сјај у тами“, а две години подоцна вториот албум „За твоје очи“. Групата се прославила главно благодарение на феноменалната обработка на песна од групата „Вокер брадрс“, „The sun ain't gonna shine“, но и впечатливиот глас на Масимо Савиќ. За таа обработка бил одговорен Синиша Шкарица, чиј глас го потсетил Масимо на вокалот на Скот Вокер, иако членовите на бендот немале поим кои се браќата Вокер. Така се роди првиот хит на „Доријан Греј“.



За жал, членовите на бендот експериментирале со дрога во тие години.

Групата се распаднала во 1986 година бидејќи членовите поминале два и пол пати повеќе денови на снимање во Шведска отколку што „Југотон“ бил подготвен да плати. „Југотон“ барал остатокот од поминатите часови да си го платат од свој џеб.

Менаџерот Маријан Црнариќ успеал да организира 42 концерти низ поранешна Југославија, кои членовите на групата ги правеле само за дневници. Остатокот од заработката одела за покривање на долгот на „Југотон“. Групата се распаднала поради банкрот и меѓусебни обвинувања.

Потоа Савиќ почнал успешна кариера и издал четири албуми во соработка со Зринка Тутиќ.

Следувал пресврт во кариерата и арт-поп и рок-проекти како што е албумот на англиски јазик „Elements“, вокали во групата „Метал Гуру“ и објавување на петтиот албум во соработка со Тутиќ - Бензин во 1995 година. Во 1998 година Масимо ја откажал соработката со Тутиќ.

Многу години подоцна изјави дека со здравјето ја платил соработката со Тутиќ.

Пет години подоцна Масимо го издава новиот албум наречен „Масимо“. Кариерата почнала да му блеска во 2002 година кога потпишал договор со „Аквариус рекордс“ и албумот „Вјештина“.

Со желба да се врати во група, тој полека собрал тим. Така била создадена групата „Алхемичари“. Го создала албумот „Вјештина II“. Така Масимо се најде на самиот врв на хрватската поп-рок сцена.



Во средината на 2011 година Масимо го издаде големиот хит „Из једног погледа“, чиј текст и музика ги напишал Предраг Мартињак. Ова била нивна прва соработка. Песната доживеа голема успех и денес има над 15 милиони прегледи на „Јутјуб“. Во 2013 година се посветува на јубилејот 30 години од својата кариера, а концертот на кариерата го одржа во „Арена“ во Загреб на 5 ноември 2022 година.

Извор: Vecernji.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот