X
 27.01.2023 Живот

Штом ќе помисли на нешто што го сака, веднаш плаче и лежи наземи сѐ додека некој не му го одвлече вниманието. Што да променам?

Моето дете наскоро ќе наполни 2 години, сметам дека е добар во однос на зборување, разбирање, посочување… Но многу често, уште од една и пол година, кога сака и бара нешто, веднаш почнува да плаче. Одреден период знаеше одма да почне да нѐ удира мене и сопругот кога се обидувавме да го смириме и да му објасниме нешто. Кога сака нешто, веднаш плаче, сум се обидела и да не му го дадам тоа што го бара, сум пробала и да му објаснам со полека, сум пробала и да го оставам да плаче, меѓутоа, не гледам дека има подобрување. Веќе не нѐ удира нас, меѓутоа, знае да падне на земја и да плаче сѐ додека еден од нас не му го одвлече вниманието. Некогаш тој метод успева, а некогаш не. Прашањето ми е дали е во ред ова однесување, каде и како можам да променам нешто. Бидејќи знае и кога шетаме да ги има овие тантруми. Ова се случува веднаш кога ќе помисли на нешто, дури и да сака цуцла, одма почнува да плаче, што се вели уште не сум успеала да му ја дадам, а тој почнува со плачење.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот