X
 27.02.2015 Живот

Стивен Хокинг: На училиште, никогаш не бев најдобар

Кога на Стивен Хокинг му била дијагностицирана болеста на моторните неврони на 21 годишна возраст, лекарите мислеле дека ќе преживее само 2 години.

Физичарот го победи и невозможното и живееше долго после дијагнозата. Ви ги нудиме најдобрите цитати од големиот господар на вселената.

1. За неговото образование

„На училиште, никогаш не бев најдобар. Бев во навистина паметен клас. Моите тетратки беа несредени, а мојот ракопис беше очај за наставниците. Но, моите соученици ми дадоа прекар, Ајнштајн, такашто тие очигледно виделе нешто подобро во мене. Кога имав 12 години, еден од моите пријатели се обложи со друг пријател по вреќа чоколадо дека никогаш нема да бидам нешто“.

2. За контакт со вонземјаните


„Доколку вонземјаните не` посетат, резултатот би бил многу сличен на оној кога Колумбо ја пронајде Америка, што и не беше баш во најдобра полза за нативните Американци. Со самиот поглед кон себеси можеме да видиме како интелигентниот живот може да се развие во нешто што не би сакале да го запознаеме“.

3. За оној „еурека“ момент на научното откритие


„Не би го споредувал со секс, но дефинитивно трае подолго“.

4. За инвалидидетот

„Кога не можете да се движите, веројатно тоа не е ваша вина, но не е ни добро да го обвинувате светот или да очекувате да ве сожалуваат. Мора да имате позитивен став и мора да го извлечете најдоброто од ситуацијата во која се наоѓате; кога сте физички неподвижни, не смеете да си дозволите да бидите и психички неподвижни. Според мене, треба да се концентрирате на активности во кои физичката неподвижност нема да претставува сериозен хендикеп. Се плашам дека Олимписките игри за инвалидите не се баш многу привлечни за мене, но лесно е да речам дека никогаш не сум ги сакал атлетичарите. Од друга страна, науката е доста добра област за луѓето со инвалидитет бидејќи воглавно човек работи со умот. Мојата неподвижност воопшто не беше значаен хендикеп во моето поле. Всушност, тој ми помогна и ме штити од сите оние предавања и административна работа во која инаку би морал да бидам инволвиран“.

5. За патување низ времето

„Би се вратил во 1967 година, за време на раѓањето на моето прво дете, Роберт. Моите деца ми донесоа вистинска радост“.

6. За верата и слободната волја

„Имам забележано дека дури и луѓето кои тврдат дека се` е одредено и дека не можеме да направиме ништо за нешто да промените, сепак гледаат лево и десно пред да ја преминат улицата“.

7. За науката наспроти религијата

„Постои фундаментална разлика меѓу религијата, која е основана врз авторитет, и науката, која е основана на истражување и причина. Науката ќе победи, затоа што функционира“.

8. За несовршеноста


„Следниот пат кога некој ќе се пожали дека сте направиле грешка, кажете му дека тоа е добра работа затоа што без несовршеност, ниту вие ниту јас не би постоеле“.

9. За неговата интелигенција

„Немам поим. Луѓето кои се фалат за нивната интелигенција се идиоти“.

10. За жените

„Тие се целосна мистерија“.

11. За советите коишто им ги дава на неговите деца


„Еден: гледајте во ѕвездите, а не во вашите нозе. Два: никогаш не се откажувајте од работата. Работата ви дава значење и цел и животот е празен без неа. Три: ако имате доволно среќа да пронајдете љубов, запомнете дека е до вас и не ја фрлајте“.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот