X
 27.02.2017 Живот

Паметни одговори на глупави прашања на интервју за работа

Една од најголемите разлики меѓу машините и луѓето во ерата на технологијата е дека луѓето треба да бидат третирани како луѓе каде и да се. Проблемот е што многу луѓе што се на менаџерски позиции се заглавени во сосема поинаков ментален склоп. Тие мислат дека на работа треба да се биде цврст и формален.


Фото: Pixabay


Од друга страна, интервјуирањето на кандидатите за работа е мешавина на стручна проверка и додворување. За жал многу работодавци мислат дека кандидатите за работа се помалку од луѓе. Ако сте биле на интервју за работа неодамна, сигурно знаете дека треба да бидете подговтвени да одговарате на еден тон непотребни, па и понижувачки прашања. Еве неколку примери:

Зошто мислите дека треба да Ве вработиме покрај другите апликанти?

Ова е глупаво прашање затоа што другите апликанти најверојатно не ги знаете, а од друга страна сте дошле на интервју да се продавате себе, а не да ги поддржувате другите. Еве како да одговорите:

- Според она што го слушнав, барате некој да работи (X) и (Y), што звучи како нешто што го работев во компанијата во која претходно работев.
- Ако се обидувам да Ве разберам, најкраткорочниот предизвик е личноста која ја вработувате да може да се справи со (X). Имам добро чувство за она што сакате да го постигнете. Може ли да Ве прашам нешто за тоа?
- Тоа е одлично прашање. Мислам дека сме овде да го дознаеме тоа, но Вие имате предност затоа што сигурно веќе ги знаете другите кандидати.

Која е Вашата најголема слабост?

Еве три одговори:

- Сакам да ги подобрам вештините во пишување при бизнис коресподенција. Веше имам основа но сакам да научам да пишувам писма.
- Се забавувам додека учам за „html”, но не сум добар во креативно пишување.
- Порано бев опседнат со мојата слабост додека конечно не сфатив дека ќе има милион работи во кои нема да бидам добар. Треба да се фокусирам кон нештата во кои сум добар како на пример (X) и (Y). А Вие?

Што би кажал поранешниот работодавач за Вас?


Вашиот последен работодавач е комплетен странец за новиот потенцијален, но поради некоја причина нивното мислење е многу важно. Тоа е како навреда, како да се тие дел од некое Интернационално здружение на шефови. Што да одговорите?

- Би кажал дека сум вреден работник и тимски играч.
- Бо рекол дека сум добар соработник и дека се предизвикувавме еден со друг во позитивна смисла.
- Би рекла дека постојано бевме фокусирани на работата и таа и јас. Што би рекле Вашите колеги за Вас?
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот