X
 27.02.2022 Живот

Неверојатна фотографија од Меѓународната вселенска станица додека поминува пред Месечината

Тиери Легаулт ја насочи својата камера кон ноќното небо и чекаше Меѓународната вселенска станица да помине пред Месечината. Имаше само половина секунда за да ја направи фотографијата.

Легаулт успеа да направи спектакуларна фотографија од вселенската станица со шарената месечина во полна форма зад неа. Силуетата на вселенската станица е јасна со неверојатни детали.

Сликата е една од најдеталните досега направени од вселенската станица кога минува пред Месечината. Овој настан астрономите го нарекуваат „месечев транзит“.



- Има многу адреналин, чекање, подготовка, чекање на моментот. Постои еден вид напнатост. Толку е брзо, што визуелно не го гледате - вели Легаулт.

Легаулт е инженер и астрофотограф кој живее во предградие на Париз, во близина на Версај. Градските светла го загадуваат ноќното небо, па тоа го отежнува набљудувањето на вселената.

За фотографијата од Месечината и вселенската станица што ја направи минатиот месец, Легаулт патувал сам до оддалечено место во селото Бурж, Франција. Таа вечер била маглива, па тој стравувал дека времето нема да му помогне. Но, имал среќа: маглата се подигнала токму кога вселенската станица поминувала над неговата глава.


Извор: Mashable.com
Фото: Thierry Legault/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот