X
 27.03.2019 Живот

„Трип адвајсер“: Овој град е најдобра дестинација за 2019 година

Лондон е прогласен за најдобра дестинација во светот и ја доби наградата „Избор на патниците“ на „Трип адвајсер“.

Победниците биле одредени со алгоритам што анализира милиони рецензии и рејтинзи за хотели, ресторани и атракции собрани во една година од туристите низ светот.

Париз го освои второто место оваа година, а Рим се искачи на третото место, додека Крит се најде на четвртото. Њујорк, долгогодишен фаворит меѓу патниците низ светот, оваа година не се најде во топ-10.

Лондон се најде на второто место во 2018 година, а „Трип адвајсер“ вели дека првото место оваа година веројатно се должи на венчавката на војводата и војвотката од Сасекс.

- Глобалната фасцинација со Хари и Меган има моќен ефект бидејќи ова е првпат од 2016 година да се најде на врвот на светската ранг-листа - изјави Хели Колман, портпаролка на „Трип адвајсер“.

london
Фото: Shutterstock


- Со новороденчето на кралската двојка неминовно е дека Лондон и понатаму ќе биде на врвот во 2020 година - додава таа.

Бали се најде на петтото место, а тајландското одморалиште Пукет на шестото место. Останатите до топ-десетката се Барселона (седмо место), Истанбул (осмо место), Маракеш (деветто место) и Дубаи (десетто место).

Најдобрите дестинации според „Трип адвајсер“ за 2019 година.

1. Лондон
2. Париз
3. Рим
4. Крит
5. Бали
6. Пукет
7. Барселона
8. Истанбул
9. Маракеш
10. Дубаи
11. Прага
12. Сијем Реап
13. Њујорк
14. Јамајка
15. Ханој
16. Токио
17. Плаја дел Кармен
18. Лисабон
19. Катманду
20. Џајпур
21. Хургада
22. Хонг Конг
23. Куско
24. Сиднеј
25. Тел Авив
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот