X
 27.03.2019 Живот

В недела поместете го часовникот еден час нанапред

Викендов завршува зимското сметање на времето и со поместувањето на стрелките на часовникот почнува летното сметање на времето.

Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124. седница, според која, летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 2 часот. Со поместување за еден час нанапред времето во 2 часот се смета како 3 часот.

Донесувањето на оваа одлука придонесува за следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски, туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот