X
 27.06.2017 Здравје

Што се витамините и како тие влијаат врз нашето тело?

Витамините се витални хемиски соединенија кои вашето тело не може да ги произведе само и мора да ги зема во мали дози од храната. ТИе се присутни низ целото тело и вршат различни функции.

Повеќет од нив се вклучени во метаболичките процеси кои ја создаваат енергијата во секоја од вашите клетки. Иако сите витамини се во интеракција со целото тело, постојат неколку примери каде витамините имаат уникатна функција во специфична област на телото.

Витамин А


Витаминот А е категорија која содржи две групи на сродни хемикалии. Хранливите материи во една група доаѓаат од растенија како моркови и спанаќ, додека другите хранливи материи од овој витамин доаѓаат од месо, млеко и јајца. Сите форми на витамин А се растворливи во масти, па некои дигестивни нарушувања и безмаслени диети може да доведат до недостаток. Вашето тело го користи витаминот А за многу цели, вклучувајќи го видот.

Витамин Б1: Тиамин

Тиаминот бил преименуван во витамин Б1 бидејќи бил прв од витамините Б кој бил откриен. Витаминот Б1 е витален дел од комплексниот процес кој ја претвора храната во енергија. Иако Б1 ја има истата улога во секоја клетка во вашето тело, дефицитот има тенденција прво да влијае врз нервниот систем. Истражувачите продолжуваат да ги испитуваат многуте дериватни соединенија кои содржат тиамин, но чии функции сè уште не се познати. Тиаминот може да се најде во храна како аспарагусот, свинското, гравот, лубеницата итн.

Витамин Б2: Рибофлавин

Нашето тело создава енергија делумно со отстранување на електроните од распарчените јаглехидрати, протеини и масти. Рибофлавинот помага да се отстранат овие електрони и им помага на вашите клетки да искористат други витамини. Заедно со другите витамини Б, рибофлавинот често е додаден во белото брашно за да ги замени хранливите материи кои се губат во преработката. Рибофлавинот го има во: јајцата, млекото, зелен зеленчук, брашното итн.

Витамин Б3: Ниацин

Функцијата на Ниацинот е слична на рибофлавинот: помага да се отстранат електроните за време на распаѓањето на јагленохидратите, мастите и протеините, за вашето тело да создаде енергија. Исто така, ниацинот помага во создавањето на хормоните и помага во поправањето на ДНК. Овој витамин првично бил наречен пелагра-превентивен фактор или витамин ПП, бидејќи недостатокот од него предизвикува болест на кожата наречена пелагра. Овој витамин е чест додаток во збогатеното бело брашно. Ниацинот може да се најде во квасецот, месото, печурките и кафето.

Витамин Б5: Пантотенска киселина

Како сите Б витамини, Б5 се раствора во вода и игра голема улога во претворањето на храната во гориво. Витаминот Б5 му помага на вашето тело да создаде црвени крвни клетки и стрес хормони како адреналинот. Повеќето видови на јадења како квасецот, бататот, авокадото, жолчката од јајцето - содржат пантотенска киселина, а таа може да се најде и во шампоните од популарните брендови.

Витамин Б6: Пиродоксин


Витаминот Б6 најчесто е вклучен во разложувањето на јагленохидратите и нивно претворање во енергија, особено во мускулното ткиво, каде што најмногу може да се најде Б6. Витаминот Б6 помага да се синтетизира серотонинот и допаминот, хемикалии кои ги носат сигналите помеѓу нервите. Исто така, помага да се направи хемоглобинот, кој носи кислород во крвта.

Витамин Б7: Биотин

Биотинот помага во создавањето на одредени есенцијални масни киселини и амино киселини. Исто така, тој е важен за глуконеогенезата, кој е процес со кој телото ја создава сопствената гликоза кога не сте јаделе подолго време. Овој процес претежно се јавува во црниот дроб и бубрегот. Гликозата која е направена може да се испрати на било кое место во телото каде што е потребно најголема количина на енергија. Биотинот се наоѓа во храна како црн дроб, жолчка, јаткасти плодови и квасец.

Витамин Б9: Фолна киселина

Витаминот Б9 се нарекува и фолат, од латинскиот збор за лист, бидејќи најчесто се наоѓа во лисјата со зелена боја. Фолатот е важен дел од реакциите кои ја создаваат и копираат РНК и ДНК низ телото. Фолатот е особено важен за време на бременоста, кога дефицитот може да предизвика дефекти при раѓање како спина бифида. Житариците и брашното често пати содржат фолна киселина.

Витамин Б12: Кобаламин

Не добиваме многу витамин Б12 бидејќи е потребно сосем малку за нашето тело. Б12 има прилично повеќе функции во телото, вклучувајќи и помагање да се создаде ДНК, крв и миелински обвивки околу вашите нерви. Б12 треба да се поврзе со комплементарна хемикалија во стомакот пред да може да се апсорбира. Дигестивните нарушувања може да предизвикаат дефицит на Б12, како на пример исхрана без месо, млеко и јајца.

Витамин Ц

Веројатно најпознатиот витамин, витаминот Ц (аксорбинска киселина) е доста погрешно разбран. Неговите главни улоги се да ја зајакнат кожата и коските и да ги неутрализираат штетните хемикалии како слободните радикали. Најчесто се додава во храната како конзерванс. Иако мала е веројатноста прекумерните количини на витамин Ц да го зголемат вашиот имунитет, витаминот Ц е суштинска хранлива состојка која треба да се вклучи како дел од вашата секојдневна исхрана.

Витамин Е


Витаминот Е е група од 10 хемикалии. Како витаминот Ц, и витаминот Е е важен антиоксидант, што значи дека ги неутрализира штетните слободни радикалии. Овој витамин исто така е вклучен во изразувањето на некои гени и во сигнализацијата меѓу клетките. Некои од неговите улоги остануваат мистерија, и поради таа причина понекогаш се третира како панацеа.

Витамин К

Витаминот К го добил името од германскиот збор за згрутчување на крвта - коагулација. Како што можете да претпоставите, тоа е затоа што витаминот им помага на дупките во крвта да го запрат крвавењето. Исто така, ги лекува раните. Витаминот К им помага на протеините да се поврзат со калциум и да помогнат во зајакнување на коските. Бактериите во вашиот стомак може да создадат мала количина на витамин К, но сепак треба да го внесувате во храна како зелен зеленчук и масла од зеленчук.

Сакате да дознаете дали и колку дневно ги внесувате овие витамини? Можете да пресметате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје