X
 27.06.2018 Култура

Топ-листа на земји со најдобра репутација во светот



Иако финансиската стабилност и географската големина секогаш влијаеле врз репутацијата на некоја земја во светот, оваа година главни индикатори во истражувањето биле преубавите пејзажи, пријателски настроените граѓани и нивото на етнички политики.


Стокхолм во зима
(Фото: Pixabay)


Институтот за репутација од 2008 година објавува годишна листа на земји со највисока репутација. Како што самите истакнуваат, годинашното рангирање откри просечен пад на угледот на државите.

За да ги позиционираат земјите според репутацијата, биле интервјуирани повеќе од 58.000 луѓе во Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија и во САД. На листата се најдоа 55 држави од светот.

Како што пишува „Форбс“, државите што им овозможуваат на граѓаните да го „исполнат својот стремеж за среќа“ се наоѓаат на врвот на листата.

Пример за тој тренд е Шведска, која се искачила две места погоре, на првото место оваа година.

На оваа скандинавска држава не ѝ e првпат да има највисока репутација во светот, затоа што на истата позиција беше и во 2016 година. Нејзината одлична репутација може да се припише на со децении долгата иницијатива за одржливост, ако се земе предвид дека оваа држава беше првата во светот што формираше агенција за заштита на животната средина. Оттогаш „зелениот живот“ им е приоритет, што се покажа вонредно исплатливо: денес повеќе од 99 проценти од отпадот се рециклира, а 52 проценти од енергијата им е од обновливи извори. На светско ниво, Шведска има помалку од 0,2 проценти емисии на штетни гасови, со стакленички ефект.

Таа држава, исто така, стана синоним и за гостопримство, а за целокупниот впечаток придонесува и поддршката за ЛГБТ-заедницата.

На второто место се најде Финска, а потоа следуваат Швајцарија и Норвешка.

Земји со најниска репутација се Нигерија, Иран и Ирак.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура