X
 27.06.2020 Наука

Видео ги покажува промените на Сонцето во последните 10 години

НАСА објави 61-минутен филм од споени фотографии од нашето Сонце, собирани во период од 10 години. Фотографиите биле направени од опсерваторијата за соларна динамика на агенцијата, која неодамна прослави десетгодишнина од набљудувањето на Сонцето од орбитата.

Опсерваторијата беше испратена во орбитата во февруари 2010 со цел да го истражува однесувањето на нашата ѕвезда и да анализира како условите во вселената влијаат врз животот на Земјата. На опсерваторијата има инструменти кои го следат магнетното поле на Сонцето, како и ветровите што струјат низ нашиот Сончев Систем.


Фото: YouTube

Во последниве 10 години опсерваторијата правела фотографии од Сонцето на секои 0,75 секунди. Биле направени неверојатни 425 милиони слики од Сонцето, а новото видео е направено со нивно спојување.

Во него може да се забележи дека во првите 5 години круната на Сонцето е активна, но како што тече времето, нашата ѕвезда се смирува. Ова е поради природниот 11-годишен циклус во кој Сонцето има фази на минимална и максимална активност.


Автор: Ентони Вуд
Извор: newatlas.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука