X
 27.06.2022 Живот

Правилата на 92-годишниот Клинт Иствуд за здрав и енергичен живот

Клинт Иствуд е еден од највпечатливите актери во Холивуд. Не само што глуми во филмови од 1955 година, туку и понатаму ја воодушевува публиката, дури и на 92-годишна возраст. Земајќи го сето ова предвид, луѓето често се прашуваат - како успева да остане здрав и енергичен толку долго?

Иствуд отсекогаш знаел многу за одржување на формата на телото. Тој кревал тегови на 19 години, а децении подоцна ја задржал својата редовна рутина за вежбање, а водел грижа и за исхраната. Иако добрите навики во исхраната му помогнале да го одржува здравјето до 90-тите, ова се прилично рестриктивни правила и секако не се за секого.

Се фокусира на контролирање на телесните масти

- Маснотиите во телото на Иствуд се помалку од 10 проценти - вели д-р Хари Демопулос, неговиот лекар. Самиот Иствуд коментираше, велејќи:

- Никогаш не сум имал високо ниво на маснотии во телото, но отсекогаш сум бил прилично уреден кога станува збор за исхраната.

- Иствуд одржува исхрана со малку маснотии и богата со протеини. Тој, исто така, внимателно го следи новиот холестерол (неговиот татко, човек кој сакаше месо и компири, почина релативно млад од кардиоваскуларни болести) - објаснува д-р Демопулос.

Избегнува шеќер и алкохол

Иствуд избегнува додадени шеќери секогаш кога може, а тоа најверојатно му помогнало да го одржи таквото добро здравје дури и во неговите 90-ти години.

- Држете се настрана од јаглехидрати, особено богати десерти. Чувајте ја вагата во бањата. Одморајте се доволно. Обидете се да бидете оптимисти. Јадете овошје и сиров зеленчук. Земајте витамини. Прескокнете пијалоци полни со шеќер. Избегнувајте премногу алкохол - вели Иствуд.

Не јаде од задоволство


Иако ова е радикално правило кое експертите нема да ви го препорачаат, Клинт Иствуд никогаш не јаде од задоволство, како што потврди неговиот син Скот во едно интервју.

- Татко ми не јаде од задоволство - изјави Скот за магазинот „Менс хелт“. - Јаде лосос и кафеав ориз за појадок. Претпоставувам дека сум сличен на него во тој поглед. Ако би можел да земам таблета што ќе ми ги дава сите потребни хранливи состојки, би се откажал од храната.

Иако овој принцип функционира за семејството Исрвуд, експертите не би го препорачале. Уживањето во храната е здраво, а многу од најдолговечните луѓе во светот својот долг и среќен живот го припишуваат токму на таквиот пристап.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот