X
 27.07.2017 Култура

Кој полесно учи странски јазици – екстровертите или интровертите?

Во кинеската култура од учениците се очекува внимателно да ги слушаат своите предавачи, додека кај учениците во западната култура се поттикнува учеството во наставата.

Од што зависи способноста за учење јазик?


Кинеската култура е обележана од конфучијанските вредности, како колективизам, здружување заради постигнување успех, беспоговорно прифаќање моќ и авторитет. Некои рани студии сугерираа дека тие особини ја намалуваат способноста на кинеските студенти да научат странски, т.е. англиски јазик.

Во отворената дебата, психолозите тврдат дека интровертите се помалку чувствителни на пречки и дека имаат подобра долготрајна меморија, додека лингвистите наведуваат дека комуникативниот и конструктивен став на екстровертните испитаници им помага во учењето странски јазик.

Професорката Шахла Зарфар и нејзините колеги од Универзитетот во Централен Пенџаб истражувале дали кинеските студенти по природа се интровертни, дали интровертноста и ектровертноста влијаат врз учењето англиски јазик помеѓу кинеските студенти во Индија, и како воопшто тие особини влијаат врз учењето странски јазици.

Истражувачите анализирале податоци од 145 кинески студенти од Универзитетот ВИТ во Индија. Податоците се состоеле од решени тестови по англиски јазик и два вида прашалници – еден за особините на личноста и информациите за познавањето јазици, а другиот само за особини на личноста.

Истражувачите установиле дека мнозинството студенти се интровертни, и тоа 47 отсто, екстровертни биле 35 отсто, а 18 отсто „не покажувале никакви знаци на тие особини“. Тимот ја потврдил значајната поврзаност помеѓу тие две особини и знаењето на англискиот јазик, при што екстровертните студенти биле значително подобри во говорот, читањето и во вкупното познавање на јазикот. Разликата во пишувањето била мала.

Меѓутоа, истражувачите откриле дека интровертните студенти се подобри слушатели, и навестуваат дека тие имаат изразена способност да го насочат вниманието на тоа што им се зборува. Исто така, сугерираат дека предавачите треба да го приспособат својот пристап во наставата во зависност од различните особини на личноста на студентите што учат англиски како втор јазик. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура