X
 27.07.2021 Живот

Што е тоа сајбер-болест и дали ја имате?

Дали некогаш чувствувате дека светлината од компјутерскиот екран ви пречи и ви предизвикува пулсирање во главата? Можеби сте зашеметени по гледањето во телефонот? Ова можеби се симптоми на состојба што се нарекува сајбер-болест, пишува истражувачката Анџелика Џаспер за „Конверзејшн“.

Џаспер, која го истражува користењето на компјутерите и се специјализира за сајбер-болеста, пишува дека има начини на кои може да се одбегнат овие симптоми.


Фото: Pixabay

Сајбер-болеста се дефинира како група симптоми што се јавуваат при недостиг на физичко движење. Меѓу симптомите може да се забележат вртоглавица, зашеметеност, проблеми со очите, умор и главоболка. Овие симптоми може да траат со часови и да го нарушат спиењето, а се јавуваат по долго користење компјутер, телефон или телевизор.

Научниците имаат различни теории за тоа зошто луѓето ги добиваат овие симптоми, но според најпопуларната, тоа се случува затоа што нашите очи добиваат информации што им кажуваат дека се движиме, иако телото всушност е статично. Соодветно, симптомите се поинтензивни доколку се користи технологија за виртуелна реалност.


Фото: Pixabay

Овие симптоми може да траат и до 24 часа по користењето на некој уред и може да предизвикаат поголеми проблеми. Главоболката, вртоглавицата и болката во очите може да влијаат врз координацијата и концентрацијата, пишува Џаспер, додавајќи дека некои луѓе може да развијат посилни симптоми од другите.

Како да ги ублажите симптомите?

Има начини на кои може да се ублажат симптомите на сајбер-болеста. Очилата за заштита од сина светлина може да го спречат појавувањето на симптомите, исто како и зголемување на големината на буквите на екранот.

Доколку користите технологија за виртуелна реалност, направете калибрација на уредите за поудобно искуство, а доколку можете, секогаш користете ја ваквата технологија на отворено и правете паузи.

Извор: The Conversation
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот