X
 27.07.2021 Живот

Тест за личноста на Карл Густав Јунг открива што се крие во потсвеста

Тестовите на личноста се добар начин подобро да се запознаете себеси и да откриете што ви се крие во потсвеста. Еден таков е направен од Карл Густав Јунг, еден од најпознатите психолози чии методи се применуваат и денес. Овој психолошки тест бара внимание, концентрација и време, а може да открие каква е вашата перцепција и што се крие во вашата потсвест.

Треба да нацртате 16 празни полиња на лист, вертикално, едно под друго. Во секое поле треба да запишете по еден збор без големо размислување, односно напишете го она што прво ќе ви дојде на ум. Важно е зборот да биде именка во еднина и зборовите да не се повторуваат. Зборовите не мора да бидат поврзани и не мора да има логика во нивниот редослед.


Фото: Карл Густав Јунг/Wikipedia

Следен чекор од тестот е разгледување на напишаните зборови во пар, односно првиот со вториот, третиот со четвртиот итн. Покрај овие 16 полиња, нацртајте уште 8 полиња и во нив напишете зборови кои ве асоцираат на зборовите во пар од претходната колона. Овде е важно да се водите по интуиција и разум, а не да го пишувате првото што ќе ви дојде на ум.

Истата постапка треба да ја повторите, но овој пат ќе нацртате осум полиња и во нив ќе напишете на што ве асоцираат паровите од зборови од претходната колона. Постапката се повторува додека не стигнете до едно поле. Зборот кој останува во последното поле е вашиот клучен збор и тој најмногу зборува за вашата интуиција.

Обидете се да го поврзете нејзиното значење со ситуацијата во која се наоѓате и ќе најдете нови решенија. Овој тест треба да ви овозможи подобро да се разберете себеси и своите постапки со објаснувањето на клучниот збор што ве опишува.

Извор: DDL
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот