X
 27.08.2019 Наука

Научници ја извршија првата квантна тродимензионална телепортација

Додека теоретската можност за многудимензионална квантна телепортација им е позната на научниците речиси три децении, истражувачки тим разработи нов експериментален метод и неопходната технологија за конечно да го постигне тоа.

Истражувачи од Австриската академија на науките и Виенскиот универзитет, заедно со колегите од Универзитетот за наука и технологии од Кина, првпат во историјата успеаја да телепортираат тродимензионални квантни состојби, или уште дефинирани како „кватрити“.

Додека научниците знаеле за можноста за многудимензионална квантна телепортација од 90-тите години наваму, тимот прво требало да ги разработи средствата неопходни за извршувањето на овој забележителен научен експеримент.

- Прво требаше да развиеме експериментален метод за приложување на телепортација во големи размери, како и да ја развиеме неопходната технологија за тоа - рече Мануел Ерхард од Виенскиот институт за квантна оптика и квантна информација на Австриската академија на науките.
телепортација
Фото: ÖAW/Harald Ritsch

Методот за телепортирање на квантна состојба, „кодиран во возможните патишта што еден фотон може да ги изоди“, вклучува користење на мултипторен разделувач на зраците што ги насочува фотоните низ неколку влезови и излези и ги сврзува сите оптички влакна заедно, при што истражувачите исто така користат помошни фотони што можат да дејствуваат заемно со други такви честички.

Како резултат на тоа, интелигентниот избор на определени модели на интерференција во суштина дозволува да се префрлува квантна информација од еден фотон на друг без двата физички да дејствуваат заемно, како што Ерхард забележа, таа експериментална концепција може да биде раширена до произволен број димензии.

Тоа постигнување е важен чекор кон создавањето практични апликации, на пример, иден квантен интернет, затоа што тродимензионалните квантни системи можат да транспортираат поголеми количества информација од нивните дводимензионални колеги.

- Тој резултат би можел да помогне за поврзување на квантните компјутери со информациски можности над кубитите - вели Антон Цајлингер од Австриската академија на науките и Виенскиот универзитет.

Џиан-Веј Пан од Кинескиот универзитет за наука и технологија тврди дека основите за квантни мрежни системи од следното поколение се изградени врз нивното фундаментално истражување денес.

Беше соопштено дека квантните физичари се фокусираат на постигнувањето на телепортацијата на целата квантна состојба на еден фотон или атом.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука