X
 27.08.2019 Култура

Во тајност снимена филмска верзија на една од најдобрите серии на сите времиња

Сепак, тоа им успеа на продуцентите на филмот „Брејкинг бед“, кој е базиран на истоимената серија која долги години ги соборуваше рекордите на гледаност, а денес ужива култен статус.

Актерот Боб Оденкирк, кој во серијата го глуми Саул Гудман, признава дека успеале да го снимат филмот во голема тајност.

- Тешко ми е да поверувам дека не знаевте дека се снима филм, но да, успеавме. Зачувувајќи ја оваа информација од јавноста, направија неверојатна работа - изјави тој.

Деталите за дејството сè уште не се познати, но потврдено е дека Брајан Кранстон и Арон Пол, кои во серијата ги глумеа Волтер Вајт и Џеси Пинкман, ќе ги репризираат улогите во филмот. Филмот ќе трае два часа и ќе го следи животот на Џеси по случувањата во серијата.

За протекувањето на информацијата за новиот филм помогна и „Нетфликс“. На неговата веб-страница накратко беше објавено дека филмот ќе се вика „Ел Камино: Брејкинг бед филм“. Иако информацијата беше отстранета веднаш, еден корисник успеал да ја слика и да ја објави на „Редит“.

serija
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура