X
 27.09.2018 Живот

Ве мачи некоја од овие работи? Тогаш сте натпросечно интелигентни

Да се биде паметен е супер, но дури и тоа има свои маани. Бидејќи, колку и да изгледа привлечно, интелигенцијата со себе носи секојдневни тешкотии. Некои од нив ги опиша американскиот автор и блогер Рамит Сети.

Интелигентните луѓе премногу ги анализираат работите

- Паметните луѓе ги гледаат работите од различни агли, па често не можат да го прифатат она што им се наоѓа пред носот. Ова може да биде добро кога треба да работат на комплексни стратегии или животни одлуки, но кога треба да замолчат и веднаш да преземат нешто, тие водат вистинска борба - вели Сети.

inteligentni
Фото: Hazlo Fácilmente


Перфекционисти се

Рамит вели дека интелигентните луѓе се стремат кон совршенство, и тоа не во едно, туку во сите подрачја на животот, а тоа знае да биде прилично тешко.

Се плашат дека ќе испаднат глупави

- Ваквото однесување се забележува уште на училиште, а подоцна истиот страв ги спречува да поставуваат прашања за да не испаднат глупави пред колегите и познајниците - објаснува Рамит.

Забораваат како е да се биде почетник


Сети смета дека интелигентните луѓе тешко можат да се поврзат со почетниците, како на работа така и во врска, бидејќи премногу напредуваат и брзо забораваат.

Сакаат да ја прескокнат основата


- Не дека мислат дека се Илон Маск, но интелигентните луѓе се сметаат себеси за премногу напредни за постепено да ја учат основата - вели Сети.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот