X
 27.09.2020 Живот

Дански архитект гради зграда на која ќе има 85-метрски ѕид за качување

Само Данците можат нешто функционално да го направат стилско и забавно. Во Копенхаген нова фабрика за третирање  отпад претставува и центар за рекреација, комплетиран со патека за скијање/пешачење, два бара и ѕид за искачување што ќе се отвори за јавноста годинава.

За проектот „Копенхил“, кој беше завршен во 2019 година, данскиот архитект Бјарк Инглес и неговата компанија БИГ не само што создадоа архитектонско обележје, туку и модел за нивната филозофија на хедонистичка одржливост што може да биде усвоен и од другите градови.

- Проектот е кристално јасен пример за хедонистичка одржливост, идејата дека одржливиот град не само што е подобар за животната средина туку е и попријатен за животот на граѓаните - вели Инглес.

zgrada

Футуристичката зграда го претвора отпадот во доволно чиста енергија за напојување на 150.000 домови годишно. Неговиот зелен покрив од 10.000 квадратни метри ќе ги привлече локалните ентузијасти чие хоби е трчањето. А неговиот ѕид за искачување - дизајниран во соработка со бугарската фирма „Валтопија“, е официјално највисокиот ѕид за искачување, висок 85 метри, конструиран со употреба на 55 тони не'рѓосувачки челик и мешавина од 24 тони фиберстакло и плексиглас.

Инглес и неговата фирма се познати по создавање урбани рекреативни проекти со фокус на одржливоста. Тие ги создадоа таканаречените „Харбор батс“ во Копенхаген и Архус, кои им овозможуваат на луѓето да пливаат во некои од најчистите пристаништа во светот.

zgrada

- Ѕидот беше предизвик бидејќи се обидувавме да најдеме вистинска рамнотежа помеѓу изгледот и функционалноста - целта беше да се создаде изглед што одговара на импресивната архитектура на зградата при дизајнирање топологија на ѕидот што ќе нуди врвно искуство во искачувањето - вели Васил Шарналов, актуелен шеф на продажба на „Валтопија“ и поранешен шеф на дизајнот.

Извор: Apartmenttherapy.com
Фотографии: Walltopia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот