X
 27.09.2021 Живот

90-годишен рибар собира пластика од океанот повеќе од две децении

Гледајќи во очите на Вајан Нио и во брчките на неговото лице, можете веднаш да кажете дека тој има интересна приказна за споделување.

Тој е 90-годишен рибар кој живее во Индонезија и е дел од прекрасната култура која е исклучително страсна за заштита на океанот.

Своето детство и децениите што следувале Нио ги поминал на вода. Секој ден тој ги собирал своите мрежи на својот мал брод на брегот на Бали. Таму ги слушал брановите, ги „читал“ временските услови, ги следел рибите и го учел ритамот на океанските струи. Тиркизните води порано биле главна локација за риболов, но во изминатите 21 година рибарот го посветил својот живот на собирање на она што изгледа како бесконечна количина пластичен отпад од океанот.

Режисерката Дана Франкоф од Сан Франциско одлучила да ја документира каузата на Нио во краток филм со наслов „Гласот над водата“. Документарецот ја раскажува приказната за тоа како еден човек ги користи своите ресурси за да направи разлика. Филмот го прикажува патувањето на еден човек кој го замени риболовот со чистење на океанот, така што идните генерации повторно да можат да ловат риби и да ги хранат своите семејства.

Краткиот, но моќен филм има освоено неколку награди досега, вклучувајќи ги „Прв филм“ на Меѓународниот океански филмски фестивал за 2021 година и најдобриот краток документарен филм на филмскиот фестивал Сан Луис Обиспо во 2021 година. Франкоф, која е исто толку страсна за зачувување на морето и промовирање одржливи промени во светот, вели дека приказната на Вајан Нио е потсетник дека ако сите ја одиграме нашата улога, можеме да постигнеме нешто многу поголемо.



Извор: Мymodernmet.com
Фото: Screenshot/Vimeo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот