X
 27.09.2021 Живот

Има или нема резултати од дигитализацијата, што велат наставниците на четвртоодделенци

Речиси еден месец учениците од четврто одделение учат од дигитални учебници преку своите компјутери, мобилни, таблети, кој што има - ако има, и кој како се снаоѓа, но согласно новата Концепција за образование. Откако беше презентирана новата Концепција за основно образование, во јавноста се јавија многу реакции, како од родителите така и од наставниците.

Сепак, експертите велат дека од некаде мора да се почне и дека времето ќе покаже колку одредените промени се успешни или не.
Дали новиот модел на дигитализирана настава што почна да се применува ги дава посакуваните ефекти, колку таа е вистинска настава, а колку импровизација и што треба да се менува.

По речиси еден месец од почетокот на училишната година наставниците имаат различни искуства, но генерално сметаат дека за реализација на оваа идеја се потребни многу поголеми подготовки.
За таа цел, прашавме два одделенски наставнички кои оваа година имаат нов предизвик, да се приспособат на новата настава, но и да ги приспособат децата.

Мислењата и кај нив се поделени, едни велат дека елементарните недостатоци ја прават отежнувачка и комплицирана наставата за учениците, а кај други впечаток е дека децата лесно се приспособиле на ваквата настава.

Прочитајте повеќе на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот