X
 27.09.2021 Живот

Заврши првиот Социо-еколошки форум Скопје: Младите треба да бидат вклучени во еколошките политики

Под насловот „Поглед кон иднината: климатска акција - социјална - праведна!“ вчера се одржа последниот панел на овогодишниот, прв Социо-еколошки форум Скопје (СЕФ). Фокус на панелот беше младинската перспектива на климатските акции и борбата против климатските промени со акцент дека е исклучително важно младите да бидат сериозно вклучени во еколошките политики.

Европратеничката Јуте Гутеланд истакна дека глобалното затоплување е најголем предизвик на нашето време нагласувајќи дека откако е таа пратеничка од 2014 г., многу работи се променија за оваа исклучително важна проблематика. Таа рече ако некогаш беше ниско на агендата, денеска е првата работа за која политичарите во европарламентот зборуваат.

Ана Пиртсхалава нагласи дека денес веќе не зборувавме само за климатски промени, туку зборуваме за климатската криза и рече дека сите сме свесни колку се алармантни овие прашања и дека времето за акција е сега.
Марко Михајловски, претседател на СДММ, додаде дека изворите на енергија се прашање кое отсекогаш ги определувало иднината и човештвото и нагласи: „Сакаме да бидеме вклучени во овој процес кој е клучен во светот во кој денеска живееме“.
Бруно Конкалвес го потенцира значењето на младинското учество во решавањето на климатските промени. „Обично ја повикуваме младината да учествува и да интервенира, но неретко не ја слушаме. Тоа што го правиме заедно со Прогрес институтот и ФЕС е важно затоа што не се работи само за давање простор за младинските претставници или место на сцената, туку се работи за нашите вистински придонеси на меѓународно ниво“, рече тој.

На крајот, Владимир Ѓорѓиевски од националната канцеларија на РИКО заклучи дека треба да се мисли и работи на креирање одржлива иднина затоа што нивото на мориња и океаните се зголемуваат, температурите се зголемуваат, а на некои градови им се заканува целосно исчезнување, се вели во соопштението од СЕФ.

Издвојуваме

Живот