Имам 7-годишно дете кое е втораче. Во школо не пишува ако другите деца прават врева, тоа му пречи и ги затнува ушите. Има проблем со броевите, наставничката вели дека редовно носи домашна и кога ќе му каже да отвори на некоја страница од учебникот, тој прв отвора, но ако го праша потоа кој број е, не го знае. Решава задачи и кога ќе се замори, почнува да греши и се нервира. И ако нешто не знае се нервира и си ја удира главата. Што да правам?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк