X
 27.09.2022 Живот

Како изгледа патувањето со воз што го има најубавиот поглед на светот?

Бергенската железница е највисоката железница во Северна Европа. Се протега низ фасцинантните региони на југот на Норвешка, поврзувајќи го главниот град Осло со вториот по големина град Берген, кој се наоѓа на југозападот на земјата.


Тие 500 километри ќе ве одведат низ нереалната убавина на шумите, езерата, фјордовите и планинските висорамнини покриени со снег.

Во текот на речиси 7-часовното патување нема да можете да го тргнете погледот од прозорецот.

Железницата има 180 тунели и 22 станици, а „Лоунли планет“ ја прогласи за една од најубавите маршрути во светот.

Повеќе од еден век железницата Берген е врска помеѓу истокот и западот на Норвешка. Иако официјално била отворена во 1909 година, градежните планови датираат од 1871 година. Во изградбата учествувале повеќе од 2.400 работници.


Посебен инженерски предизвик била 100-километарската маршрута низ високите планини помеѓу Мјелфјел и Геил. Машиновозачите велат дека ја имаат канцеларијата со најубавиот поглед на светот.



Извор: b92.net 
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот